По над два часа и 20 минути конечно заврши дербито на претпоследното коло во македонското првенство, меѓу Шкендија и Шкупи и тоа без голови.
Домаќинот и сега веќе стар шампион, Шкендија промаши пенал за победа во судиското продолжение од 15 минути, што се играше поради прекинот во 80. минута.
Мечот што требаше да биде дуел на ланскиот и актуелниот првак мина со многу инциденти и ќе биде запишан како срамна страница во мак-фудбалот.
Шкупи веќе ја прослави новата титула и ќе игра во квалификациите за ЛШ, а Шкендија ќе учествува во квалификациите за Европа Лигата, заедно со Академија Пандев.