Прекин во Тетово – Требаше да биде дуел на шампионите се претвори во срам за македонскиот фудбал (Видео)

Мечот меѓу Шкендија и Шкупи е прекинат во финишот и се чека одлука на судијата Александар Ставрев дали ќе продолжи, што е само дел од серијата инциденти на дербито од претпоследното коло во Првата лига .

Требаше да биде меч на шампионите во претпоследното коло во Првата македонска фудбалска лига, а имаше сериозни инциденти во Тетово, за кои сега веќе стартиот првак треба да биде строго казнет.

На гости на Шкендија и дојде новиот шампион Шкупи, а беа пречекани со инциденти и беа нападнати пред да почне мечот што заврши без победник и без голови.

Неколку играчи на Шкупи и дел од раководството на клубот беа нападнати пред влезот на стадионот во Тетово, а инцидентот можете да го погледнете ОВДЕ.

На терен немаше голови, но и тука имаше инцидентни ситуации, па се чека дали воопшто и ќе заврши, отако имаше прекин во 80. минута.

На останатите натпревари Македонија Ѓорче Петров со неочекуван пораз од 1:3 од Струга прокоцка шанса да остане во игра за настап во еврокуповите, иако ќе имаат нова можност на 20. мај во финалето на купот против Силекс.

Во квалификациите за настап во Европа Лигата ќе игра екипата на Академија Пандев по победата со 2:1 против Работнички.

Струмичани и официјално се вицешампиони и ќе завршат на второто место зад новиот шампион Шкупи.

Шкендија е на третото место и ќе игра исто како и Академците во квалификациите за Европа Лигата.

На едно коло до крајот веќе се знае дека од лигата испаднаа Пелистер и Борец, а Скопје и Тиквеш ќе играат баражи за продолжување на прволигашкиот статус.

Резултати: Шкендија – Шкупи 0:0 прекинато, Македонија Ѓ.П. – Струга 1:3, Академија Пандев – Работнички 2:1, Брегалница – Тиквеш 1:0, Пелистер – Борец 2:1, Ренова – Скопје 2:0.

Табела: Шкупи 72, Академија Пандев 64, Шкендија 59, Македонија Ѓ.П. 57, Струга 46, Ренова и Брегалница по 45, Работнички 40, Скопје 31, Тиквеш 30, Борец 21, Пелистер 14.

- Оглас -

Најнови вести