Конечно заврши најстрашното градско дерби во историјата на Севилја, Бетис постигна гол за четвртфинале во шпанскиот куп

Серхио Каналес со единствениот гол во продожението на куп-дуелот во Шпанија му донесе победа на Бетис од 2:1 во градското дерби со Севилја и пласман во четвртфиналето.

Мечот вчера беше прекинат во финишот на првото полувреме при резултат од 1:1 откако навивач на Бетис на „Бенито Вилјамарин“ со метален предмет го погоди во глава играчот на Севилја, Жоан Џордан.

Инцидентот предизвика прекин на големото градско дерби, едно од најстрашните што се одиграле во историјата на двата големи ривали.

 

https://twitter.com/marca/status/1482462485458432005?s=20

Мечот продолжи денеска без присуство на публика и заврши со триумф на Бетис со 2:1 со клучниот гол на Каналес во 73-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести