Актуелниот првак на Саудиска Арабија, Ал-Итихад, има големи проблеми деновиве, се шпекулира дека може да се откажат од Португалецот Жота, кој летово го купија од Селтик, а сега се зборува дека може да си замине дури и Карим Бензема, кој е прва ѕвезда и еден од најплатените фудбалери на светот.
Тренерот на Ал-Итихад, Нуно Еспирито Санто, ѝ се жалел на управата дека Бензема не се вклопува во неговиот стил на игра. Бензема, кој не даде гол во првите две кола од првенството, не е тип на напаѓач каков што му требало на Санто и барал да се најде решение.
Од друга страна, Бензема не бил среќен што не ја добил капитенската лента, туку Санто му ја доделил на Ромарињо, кој од поодамна е во клубот.
По информациите дека е можно дури и заминување на Бензема до крајот на месецов, се огласија од клубот со објава на социјалните мрежи на која Французинот е насмеан и среќен.
https://twitter.com/i/status/1694392775977074873