Конкуренција за Фетел: Леклер најбрз во вториот ден

Откако Ферари ги започна подготовките за новата сезона со најбрзото време на Себастијан Фетел, денес на патеката во Барселона најдобар беше вториот возач на италијанскиот тим, Шарл Леклер. Младиот Французин извозе најбрзо време од 1:18.247 минути, што сепак е за нијанса побавно од времето на Фетел вчера (1:18.161).

Пријатно изненадување беше Ландо Норис од Мекларен, кој како втор ги заврши денешните тестирања со време од 1:18.553. Зад него се Магнусен, Албон и Џовинаци во првата петорка.

Актуелниот светски првак Луис Хамилтон денес возеше побрзо за разлика од вчера, меѓутоа заврши со десетто најдобро време од 1:19.928.

Првите тестирања во Каталонија ќе траат до четврток, потоа од 26-ти февруари одново ќе има подготовки кои ќе траат до првиот ден од март.

https://twitter.com/F1/status/1097912610358546432

За потсетување, новата сезона во Формула 1 започнува на 17-ти март, со трката за Големата награда на Австралија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести