Консеисао: Артета ми навреди член на семејството кој не е меѓу живите

Тренерот на Порто, Сержо Консеисао, беше исклучително незадоволен од поведението на неговиот колега од Арсенал, Микел Артета, за време на двобојот од Лигата на шампионите меѓу нивните тимови, кој дури по изведување на пеналите им припадна на Топчиите од Лондон.

„Артета се сврте кон нашата клупа и на шпански јазик го навреди моето семејство. Ова мора да е финта на сите шпански тренери бидејќи така беше и со Пеп Гвардиола. И тој го навредуваше моето семејство. На Артета му кажав дека човекот кого го пцуе веќе не е меѓу живите. Нека се сконцентрира на тренинзите на својот тим, кој има повеќе од доволен квалитет за да игра многу подобро од ова“, рече Консеисао.

Артета не сакаше да коментира за ова, туку кажа само дека е среќен што Арсенал по 14 години повторно е во четвртфинале на ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести