Консеисао е оптимист дека Милан може да победи во Ротердам, „двојката“ е примамлива

Поради поразот во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите од Динамо Загреб, Милан не успеа да биде меѓу најдобрите осум екипи и да обезбеди директно место во осминафиналето. Токму затоа сега Росонерите ќе играат плејоф-двомеч против Феенорд, а тренерот Сержо Консеисао е свесен дека самите си ја искомплицирале ситуацијата и сега мора тоа да го поправат.

„Поради наши грешки се најдовме во оваа ситуација да играме плејоф за пласман во осминафиналето на ЛШ. Ротердам е традиционално тешко гостување, тука бев со Порто пред три години. Атмосферата е неверојатна. Од нас зависи како ќе заврши средбата на крајот. Ако излеземе на терен и одиграме правилно, како што сме се договориле, тогаш е многу веројатно да стигнеме до добар резултат“, коментира Консеисао.

Португалскиот стратег се пожали дека има проблеми со повредените играчи, но потенцираше дека сега во офанзивниот дел ги има и засилувањата од јануарскиот преоден рок, Жоао Феликс и Сантијаго Хименес. Овие двајца, плус стандардните Кристијан Пулишиќ и Рафаел Леао се играчите од кои ќе се очекуваат погодоци, зависно кој ќе биде на терен.

„Немаме многу алтернативи бидејќи имаме само 15-мина играчи од теренот, плус младите поради повреди. Тренерите треба да најдат решенија, овие четворица се во тимот и ќе видиме кој ќе биде на теренот“, рече тренерот на Милан.

- Оглас -

Најнови вести