31.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Консеисао на „Сан Сиро“ ќе донесе засилување од Порто

Италијанскиот калчолигаш Милан подготвува понуда за играчот од средниот ред на Порто, Алан Варела, открија медиумите на Апенините. Идејата на Росонерите е да се засилат со борбениот играч од средината на теренот во текот на летото.

Во оваа зона, стандардни играчи во тимот на Сержо Консеисао се Тијани Рејндерс и Јусуф Фофана. Јунус Муса номинално е играч од централниот дел во средниот ред, но често игра на десната страна, додека Исмаел Бенасер постојано се бори со повреди и не успева да се врати во оптимална форма.

Главниот фактор за интересот на Милан кон Варела е тренерот Консеисао, кој одлично ги познава квалитетите на 23-годишниот Аргентинец од времето кога работеше со него во Порто.

Друга трансферна цел на Милан е играчот од средниот ред на Торино, Самуеле Ричи. Но, за неговиот потпис конкуренција е Интер, кој исто така го следи внимателно и сака да го доведе по завршувањето на сезоната.

- Оглас -

Најнови вести