Членот на Серија А, Милан, следната сезона со сигурност ќе има нов тренер. Ова го најавува „Калчомеркато“, од каде тврдат дека Сержо Консеисао си заминува од Милано.
Според нив, клучно за судбината на португалскиот тренер ќе биде финалето од Купот на Италија против Болоња, меч кој ќе се одигра на 14-ти мај во Рим. Доколку Милан загуби, Консеисао веднаш ќе биде отпуштен, но доколку го освои трофејот, според нивни информации, тренерот ќе си поднесе оставка на крајот од сезоната.
Консеисао го презеде Милан на 30-ти декември минатата година и веднаш го освои италијанскиот Супер куп, откако во финалето го совлада градскиот ривал Интер во Саудиска Арабија.