Конте чека на готовс, вчера од трибините го гледал поразот на Наполи

Антонио Конте вчера го следел мечот меѓу Торино и Наполи со што ги зголеми шпекулациите дека наскоро може да седне на клупата на италијанскиот шампион кој уште сега отпадна од трката за титулата.

Сопственикот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, пред два месеци го смени Руди Гарсија и го донесе Валтер Мацари, но резултатите изостанаа, екипата продолжува да тоне и под водство на новиот тренер.

Наполи одигра 10 меча под водство на Мацари и забележа дури шест порази, има три победи и едно реми, а на последните четири натпревари, екипата не постигна ниту еден гол и вчера загуби со убедливи 3:0.

Токму Конте го следеше вчерашниот дуел во Торино, а по натпреварот за италијанските медиуми даде изјава ќе ги израдува навивачите на Наполи.

„Би можел да дојдам, но сакам работите да се случат како што треба“, изјави Конте.
Според италијанските медиуми, Де Лаурентис сака промени на клупата бидејќи смета дека со Мацари нема никакви шанси во осминафиналната пресметка во Лигата на шампионите против Барселона. Според него, единствен човек кој би можел да ја размрда екипата е токму Конте.

Конте претходно се поврзуваше и со клупата на Милан бидејќи Стефано Пиоли беше на удар на навивачите и медиумите поради слабите резултати. Но, Росонерите почнаа да играат подобро во последните неколку меча и се чини дека Пиоли е сигурен на клупата до крајот на сезоната.

- Оглас -

Најнови вести