Тренерот на Тотенхем Антонио Конте беше многу разочаран по поразот на неговиот тим на гостувањето кај Барнли, па дури се закани дека размислува и да си замине од клубот.
Италијанскиот стратег беше разочаран затоа што за прв пат во кариерата како тренер загубил на четири од последните пет меча во првенство. Тотенхем утре гостува кај Лидс, а Конте е оптимист дека може неговиот тим да победи.
„Зборував со сопствениот Даниел Леви. Тој многу добро знае дека тука сум дојден за да му помогнам на клубот и тоа ќе го правам до крајот. Од клубот се задоволи од мојата работа и тоа што го правам во изминативе четири месеци“, рече Конте.
Во изминативе 30 дена, Тотенхем губеше од Челзи на гости (2:0), Саутхемптон дома (2:3), Вулверхемптон дома (0:2), како и од Барнли на гости со 1:0. Единствено успеаа да го победат шампионот Манчестер сити и тоа на гости со 3:2.