Конте ги одбил Јувентус и Милан, останува во Наполи и следната сезона

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, веќе подолг период беше цел на Јувентус и Милан, кои се во потрага по тренери на долг рок, но италијанските медиуми денес им ставија крај на овие шпекулации.

Според нив, Конте и следната сезона ќе остане тренер на Наполи, без разлика дали ќе го освои Скудетото или ќе заврши втор на табелата зад Интер. Екипата од Неапол има заостанување од шест бода зад Интер, но вечерва го игра мечот од 32-рото коло на Серија А, против Емполи на домашен терен, па со евентуална победа ќе се врати на минус три.

Јувентус неодамна го назначи Игор Тудор за нов тренер, но со краткорочен договор до крајот на сезоната, додека раководството на Милан сериозно размислува да го смени Сержо Консеисао.

- Оглас -

Најнови вести