Конте ги советувал играчите на Интер кои пози треба да ги прават при сексот

Краток секс, и партнерката да биде горе. Ова е бизарниот совет кој тренерот на Интер, Антонио Конте, им го дал на неговите пулени, а се однесува на сексот по дома. Идејата на Конте е играчите да не се заморуваат премногу.

Интер со сите сили се обидува да ја прекине осумгодишната доминација на Јувентус во италијанското првенство, а тренерот сака неговите играчи да бидат 100 проценти одморени и фокусирани на задачата која воопшто не е лесна.

„Ги советував дека за време на сезоната во Серија А, е пожелно да имаат секс на кратки периоди, со минимално заморување, и да користат пози во кои тие се легнати под партнерката“ – рече Конте.

- Оглас -

Најнови вести