12.8 C
Skopje
понеделник, 5 јануари 2026

Конте го разби малерот против Сари, Елмас немаше среќа да даде гол

Наполи го совлада Лацио со 2-0 и тоа беше прв триумф на тренерот Антонио Конте во пресметките со колегата Маурицио Сари.

Кариерите на Конте и Сари се испреплетени, двајцата ги воделе Арецо, Јувентус, Наполи и Челзи, а меѓусебни дуели во Серија А имаа само кога Сари го водеше Јуве, а Конте беше во Интер и Сари победи двапати. До денеска, Сари беше единствениот тренер против кој Конте немаше победа ни реми, а да имале барем два дуели.

Наполитанците доминираа, головите ги дадоа Спинацола и Рахмани, а нашиот репрезентативец Елиф Елмас кој одигра 86 минути, имаше две шанси да постигне гол со глава. Еднаш ја погоди пречката, еднаш топката за малку мина покрај стативата.

Нервозните лацијали средбата ја завршија со двајца играчи помалку, а кај Наполи имаше еден црвен картон.

- Оглас -

Најнови вести