Конте му даде „корпа“ на Наполи

Италијанскиот првак Наполи лошо ја започна одбраната на титулата во Серија А, па по осум одиграни кола, има 14 бода што е доволно за петтото место на табелата и заостанување од седум бода во однос на лидерот Милан.

По неколкуте неочекувани резултати на Наполи, започнаа шпекулации за смена на тренерот, а како главен кандидат за нов предводник од клупата се спомнува Антонио Конте.

Прославениот италијански првак призна дека имал разговори со газдата на Наполи, Аурелио де Ларуентис, но едноставно не се договориле. Конте е докажан тренер кој има работено во Јувентус, Челзи, Интер и Тотенхем. Во март си замина од лондонскиот тим и уште е без работа.

Конте имал разговори со Де Ларуентис, но едноставно не се договорил, па најави дека ја чека вистинската понуда.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести