Наполи има серија од три меча по ред без победа, а два од нив се во Серија А, што значеше и губење на лидерската позиција на табелата. Многумина сметаат дека лошите резултати се поради повредата на Кевин де Бројне, па Антонио Конте и раководството на Наполи немаат намера да експериментираат.
Иако белгискиот репрезентативец ќе се врати на терените во февруари, сепак од Наполи планираат да ангажираат негова замена. Планот на актуелниот шампион на Италија е да го позајми Коби Мејну од Манчестер јунајтед, кој добива слаба, речиси никаква минутажа, па позајмицата би им одговарала и на двете страни.
Доколку ваквиот трансфер се случи, тоа веројатно ќе се одрази и на минутажата на нашиот Елиф Елмас, кој беше стартер на три од последните четири натпревари на Наполи.

