Антонио Конте од идната сезона ќе биде нов тренер на Јувентус, пишуваат италијанските медиуми.
Актуелниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри има договор со Старата дама со 2025 година, но во управата не се задоволни од игрите кои ги прикажува тимот.
Екипата се мачи, тешко постигнува голови и игрите не се убедливи, поради што управата сериозно размислува на крајот од сезоната, без разлика дали би ја освоил титулата, Алегри да добие отказ.
Како нов тренер сè почесто се споменува Антонио Конте, кој е без ангажман. Конте, кој од 2011 до 2014 година го водеше Јувентус, веќе неколку пати бил забележан во тренинг-центарот на Јувентус во Торино, што е доволно за медиумите да започнат со шпекулациите дека тој ќе биде новиот тренер на Старата дама.