Конте: Петте победи по ред не се случајност

Убаво е да се биде навивач на Интер. Тимот има пет победи во првите пет кола, собра максимални 15 бода, два повеќе од Јувентус, и најавува интересна борба за Скудетото кое оваа сезона нема однапред да му припадне на гигантот од Торино.

„Петте победи по ред не се случајни. Треба уште многу да напредуваме, но мислам дека го имаме вистинскиот и правилен менталитет“, рече Конте по победата над Лацио, во мечот на којшто најдобар поединец кај Интер беше голманот Самир Хандановиќ.

Хандановиќ го спасуваше Интер, а тоа не остана незабележано од Конте.

„Хандановиќ беше одличен и ја направи разликата во првото полувреме. Ние по постигнатиот гол, премногу се повлековме. Во второто полувреме игравме како што треба, доминиравме, само ни фалеше реализација, требаше да дадеме уште некој гол“, додава тренерот на Нераѕурите, кој чекор по чекор пишува историја.

Тој е првиот тренер во историјата на Интер кој ги добил првите пет средби во Серија А како предводник на клубот од Милано.

- Оглас -

Најнови вести