Конте пука од самодоверба пред финалето: Во мојот речник не постои зборот „страв“

Утре ќе се дознае новиот освојувач на Лигата на Европа, Интер и Севилја во Келн ќе разигруваат за да ја крунисаат сезоната со пехар. Антонио Конте, предводникот на Интер, има голема доза самодоверба во пресрет на финалето и со изјава во свој стил најави дека неговата екипа со сите сили ќе атакува да освои европска титула по 10 години пауза.

„Прво мора да бидеме горди што се ставивме во позиција да се бориме за европски трофеј првпат по 10 години пауза. Но, не можеме да го сметаме тоа за успех бидејќи историјата ги пишува победниците, а токму тоа треба да ни биде мотивација. Кога дојдов тука, на почетокот кажав дека доволно ми е 1% шанса за да освојам трофеј, а како што изминуваше времето, тие проценти растеа. Играчите покажаа дека сакаат да победуваат, затоа знам дека заслужено сме во финалето. Сега ни останува да дадеме сè од себе и да ги израдуваме нашите навивачи. Ја почитуваме Севилја и нејзината историја, но зборот „страв“ не постои во мојот речник, па затоа и не се плашиме што ќе играме против квалитетна екипа која трипати во низа ја освојувала Лигата на Европа“, истакна Конте.

Италијанскиот стратег по вторпат во својата тренерска кариера ќе води екипа во европско финале, откако во 2015 година со Јувентус остана без европска титула по поразот од 1-3 од Барселона.

 

- Оглас -

Најнови вести