Додека во полн ек се мечевите од квалификациите за Европското првенство, тренерот на Интер, Антонио Конте, е фокусиран на работата која допрва ќе следи. Интер сезонава се надева дека ќе може да ја прекине доминацијата на Јувентус во италијанската Серија А, но еден меч им покажа на Нераѕурите дека тоа ќе биде многу тешко.
Интер на свој терен загуби од Јувентус и на тој начин ја прекина перфектната низа во домашното првенство, но мораше и да го отстапи првото место на табелата токму на Јувентус.
„Треба да се биде објективен и да се гледа реално на работите.Уште на почетокот на сезоната го кажав своето мислење. Кога се споредуваме со другите екипи, Јувентус е на врвот, а и Наполи е пред нас. Тие се клубови кои со години ги градеа овие состави кои ги имаат сега. Сепак, ние започнавме сериозно со создавање тим и пред нас стои тешка работа за да направиме квалитетен состав“, рече Конте.