Конте со Наполи се бори за Скудетото, но налето може да преземе италијански гигант

Антонио Конте со Наполи заостанува само три бода зад лидерот во Серија А, Интер, и сигурно дека до крајот на сезоната ќе притиска да го врати трофејот во Неапол. Тренерот има договор до 2027 година, но она што е изненадувачки, не постои никаква клаузула за плаќање на обесштетување доколку некој клуб сака да го ангажира пред истекот.

Според италијанските медиуми, интерес за Конте има од Јувентус и Милан, великани на коишто не им оди баш според планот оваа сезона, па сакаат да донесат искусен стратег на својата клупа.

Конте може да си замине од Неапол едноставно со оставка, но и да се откаже од останатите плати или само да побара да си оди од клубот. Ваквиот договор е несвојствен за претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, кој важи за човек со кого тешко се преговара.

- Оглас -

Најнови вести