Конте веќе се откажа од титулата? Уште е рано Интер да се споредува со Јувентус

Антонио Конте беше тренерот кој во 2011 година дојде на чело на Јувентус и ја започна доминацијата на Старата дама во Серија А. Тренерот помина три сезони во Торино и освои три титули, а потоа си замина, но Јувентус продолжи да доминира. Старата дама и без Конте на клупата само продолжи да ги освојува титулите кои се осум во низа.

Сезонава Конте се надева дека токму тој ќе биде тренерот што ќе ја прекине доминацијата на гигантот од Торино, но резултатите не одат според посакуваното во Интер. Јувентус без многу проблеми со 2:0 синоќа славеше во Дербито на Италија, а Конте како тренер на Интер мораше да го признае поразот.

„Ако ја победиме Сампдорија во заостанатиот меч, разликата со Јувентус ќе ни биде шест бода. Тие шест бода всушност се двете победи на Јувентус против нас. Успеаја да нѐ победат во Милано, а сега и во Торино. Ќе се обидеме да ги следиме, но мора да извлечеме поука од поразите како овој сега. Јувентус како тим веќе осум години е сè посилен и посилен. Постојано носи играчи кои се искусни и кои знаат како се освојуваат трофеи. Не можеме да се споредуваме со клубот кој веќе осум години доминира во Италија. Наша цел е од сезона во сезона да бидеме сѐ подобри. Проектот да го  градиме цигла по цигла и година по година да дојдеме до нивото на квалитет, искуство и карактер кои сега ги има Јувентус. Моментно сите екипи се далеку зад Јувентус“, рече Конте по синоќешниот пораз во Торино.

 

- Оглас -

Најнови вести