Интер е можно да добие уште едно засилување од Англија. Според најавите, Виктор Мозес, играчот на Челзи, е во плановите на тренерот на Нераѕурите, Антонио Конте. Нигерискиот репрезентативец му е добро познат на Конте бидејќи тој му беше еден од милениците додека италијанскиот стратег седеше на клупата на лондонскиот тим.
Конте веруваше во Мозес и му даваше шанса да игра, но откако тој си замина од Челзи, крилото беше дадено на позајмица во Фенербахче. Сега турскиот тим го враќа Мозес во Лондон, но Френк Лампард, менаџерот на Челзи, потврди дека за Нигериецот следува нова позајмица.
„Мозес се враќа во Лондон, но само со една цел, а тоа е да биде пратен на друга позајмица. Преговорите се во тек“, рече Лампард.
Од „Газета дело спорт“ веруваат дека договорот веќе е подготвен и дека за Мозес да пристигне на „Џузепе Меаца“ со можност по завршување на сезоната, договорот треба да биде откупен за сума од 10 милиони евра. Мозес е во Челзи од 2012 година, кога дојде од Виган, но добар дел од изминативе осум години ги помина на позајмица, и тоа во Ливерпул, Стоук, Вест хем и Фенербахче. Актуелниот договор со тимот од „Стемфорд бриџ“ му е до јуни 2021 година.