Конте збесна бидејќи Интер го даде максимумот, а загуби

Интер се најде во незавидна ситуација откако загуби кај Борусија во Дортмунд со 3:2, иако на полувремето имаше водство од два гола. Нераѕурите останаа со четири бода од четири меча и сега се на третото место на табелата, зад Барселона со 8 бода и Борусија Дортмунд со 7.

Антонио Конте, тренерот на Интер, е разочаран бидејќи неговиот тим вторпат губи, иако има предност на гости против директен конкурент. Нераѕурите и против Барселона на „Камп ноу“ водеа со 1:0, но на крајот загубија.

„Ова ни се случи и во Барселона. Всушност сега е полошо бидејќи водевме со два гола. Многу сме разочарани. Ептен сум лут бидејќи не можеме подобро од ова. Дојдовме до нашите граници, а пак губиме. Во планирањето пред сезоната се направени големи грешки. Ми здосади да го повторувам тоа. Фудбалерите одат со брзина од 100 км на час и можам само да им бидам благодарен за тоа што го прават, но не може да играме во Лигата на шампионите и во Серија А со крајни граници“, рече Конте.

Интер во следното коло гостува кај Славија и доколку победи, а Борусија загуби на гостувањето кај Барселона, Нераѕурите ќе се искачат на второто место на табелата.

 

- Оглас -

Најнови вести