Уругвај се пласира во четвртфиналето на Копа Америка откако ја оствари првата победа во групната фаза со 2-0 над Боливија. Составот на Оскар Таварес предводен од Суарес и Кавани стартуваше со пораз и реми, но конечно се разбуди против најслабата селекција на континанталниот шампионат.
Уругвајците имаа мала помош од Кинтеро, кој си постигна автогол во 40-тата минута во обид да го спречи Суарес да ја затресе мрежата, а резултатот од 1-0 стоеше пред влезот во последните 10 минути од мечот, кога Кавани го искористи проигрувањето од Торес и од непосредна близина стрелаше за 2-0 и ги реши дилемите.
Уругвај по три меча има четири бода и во последното коло против Парагвај ќе се бори за второто место во групата А, каде што Аргентина е лидер со седум бода.
https://streamable.com/48y2hz
Парагвај во меѓувреме со идентични 2-0 славеше над Чиле со головите на Самудио и Алмирон, па исто така се пласира во нокаут-фазата.
https://streamable.com/dxdjqz