Чилеанскиот клуб Кокимбо Унидо им стои на патот на Гаучосите до трофејот во Копа Судамерикана откако дури три екипи од Аргентина се пласираа во полуфиналето на второто по ранг интернационално натпреварување во Јужна Америка.
Популарните Пирати од Кокимбо се дебитанти во Копа Судамерикана откако лани го забележаа најголемиот успех со настап во Копа Либертадорес, или Лигата на шампионите на Јужна Америка.
Во четвртфиналето, по голема битка, Кокимбо Унидос го елиминираше Јуниор од Колумбија благодарение на гол повеќе постигнат на гости (2:1 и 0:1) и ќе игра за финале против Дефенса Јустиција од Аргентина.
https://twitter.com/Sudamericana/status/1339724494097813506?s=20
Второто полуфинале е комплетно аргентинско и меѓу себе ќе играат Ланус и Велес Сарсфилд. Чилеанците се апсолутни аутсајдери, но се надеваат дека ќе го репризираат ланскиот подвиг на еквадорскиот тим Индепендиенте Дел Валје, кој успеа да го победи Колон во финалето со 3:1 и да ја освои првата круна во клупската историја во Копа Судамерикана.