Копенхаген, Пакси и Хакен сигурно победуваат, голеада ќе има во Полска и Чешка (Фото)

6897 – Јагиелонија – Бодо/Глимт (20:45)

Јагиелонија и Бодо/Глимт важат за две екипи кои играат ефикасен фудбал, а вечерва ќе се сретнат во меч од квалификациите за Лигата на шампионите. На двата меча што ги одигра Јагиелонија летово во Европа, против Паневежис, имаше по четири гола, а исто беше и на дуелите на норвежаните против РФС. Воедно, на последните 29 натпревари на Јагиелонија биле постигнувани по најмалку два гола, додека Бодо/Глимт со по најмалку два погодоци играше на последните осум средби.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.84)

 

6892 – Славија Прага – Унион СГ (19:00)

Кога играат екипи од Чешка и Белгија во Европа, единственото што се очекува се голови. Така би требало да биде и на вечерниот меч од квалификациите за Лигата на шампионите помежу Славија Прага и Унион. Двете екипи вечерва со меѓусебниот дуел го започнуваат својот пат во Европа ова лето, но со оглед на тоа дека започнуваат од третото коло, веќе имаат обезбедено учество во групите на едно од натпреварувањата на УЕФА.

Предлог тип: 1+I&3+ (1.98)

 

6910 – Хакен – Паиде (19:00)

Шведски Хакен е апсолутен фаворит во дуелот против Паиде од Естонија во квалификациите за Конференциската лига. Екипата од Шведска во претходното коло го елиминираше Дуделанж со победи од 6-1 и 6-2, а очекувањата се дека нема да имаат тешка задача ниту против естонскиот противник. За разлика од нив, Паиде со победа од 4-0 и пораз од 2-1, беше подобар во двомечот против Стјарнан од Исланд.

Предлог тип: 1-1 & 4+ (2.08)

 

6902 – Пакси – Морнар (19:00)

Унгарски Пакси направи голем кикс кога беше елиминиран од романскиот второлигаш, Хунедоара, во Лигата на Европа, па сега во Конференциската лига веќе нема право на кикс. Во претходното коло беа подобри од кипарски АЕК Ларнака со 3-0 и 2-0, а сега за противник го имаат Морнар од Бар, кој во претходно коло на пенали го елиминираше Раднички од Крагуевац.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.07)

 

6048 – Копенхаген – Баник Острава (19:00)

Екипата на Копенхаген е голем фаворит во дуелот против Баник Острава, но и прв посериозен предизвик за поранешниот учесник во групите на Лигата на шампионите, со оглед на тоа дека во претходното коло лесно го елиминираа составот на Магпис од Гибралтар. Сепак, и екипата на Баник од Острава не би требало да претставува сериозна пречка за Копенхаген на патот го групите од Конференциската лига.

Предлог тип: 1 & Т1 2+ (1.76)

- Оглас -

Најнови вести