Копија од Ел Класико: На Суперкласико победа со 3:2 и спорна ситуација на гол-линијата на штета на тимот кој загуби (Видео)

Бока јуниорс го елиминираше најомразениот ривал Ривер плата во четвртфиналето на Купот, откако победи со 3:2 на неутрален терен на стадионот „Марио Алберто Кемпес“. Освен што резултатот на крајот е 3:2, како што беше на „Ел Класико“ во Шпанија, во Аргентина имаше уште некои сличности со тоа што се случуваше во Мадрид.

Ривер прв даде гол, а Бока израмни за 1:1 на полувреме. При овој резултат, Ривер даде гол, кој подоцна беше поништен откако ВАР системот процени дека целата топка не ја поминала гол-линијата. И во Аргентина како во Шпанија нема гол-линија технологија, па ВАР системот мораше да решава за спорната ситуација.

Во Мадрид, Барселона беше таа која очекуваше да се израдува на погодок, но ВАР системот одлучи дека голманот Лунин реагирал навремено и дека немало погодок за 2:1 за Барселона. 

По таа спорна ситуација на аргентинското дерби, Бока беше тимот кој беше подобар и даде два гола за водство од 3:1, а Ривер постигна само погодок со кој намали на 2:3, но не успеа да се спаси од пораз и елиминација од Купот.

- Оглас -

Најнови вести