Најавите се дека Лионел Меси игра премногу и ќе мора да прескокне некој меч, а тој натпревар се шпекулира дека може да биде утрешниот на „Камп ноу“ против Еибар, бидејќи Аргентинецот ќе биде потребен свеж на гостувањата кај Наполи во вторник и Реал Мадрид следната недела. Сепак, во малиот баскиски клуб не веруваат дека Барса на терен ќе се појави без својот лидер.
Тренерот Хозе Мендилибар беше особено жесток во изјавата.
„Не верувам дека Меси ќе има слободен викенд. Тоа копиле одмара за време на мечевите. Знае кога треба да истрча, а кога да си земе одмор. Ако му дадат слободен ден, ќе биде полошо за него, така повеќе ќе се замори“, рече Мендилибар, кој се потсети на еден меч од купот, кога бил тренер на Осасуна, дека Меси имал треска и болки во стомакот утрото, а вечерта играл и дал два гола.