Кореографија со над 20.000 јагоди на белградското дерби, причината е трогателна (Видео)

Црвена ѕвезда и Партизан играат во дербито на 11-тото коло во кошаркарската Евролига, а сценографијата во „Штарк арената“ во Белград пред почетокот на мечот беше фасцинантна.

Над 20.000 навивачи на Црвена ѕвезда во своите раце држеа картони на кои имаше јагода. Оваа кореографија беше во знак на сеќавање на Марко Ивковиќ, навивачот на Црвена ѕвезда кој точно пред 10 години, на 21 ноември 2014 година, беше убиен во Истанбул.

Тој кобен ден Црвена ѕвезда гостуваше во Истанбул против Галатасарај, во меч од Евролигата, а Ивковиќ, чиј прекар бил Јагода, бил нападнат и убиен од навивач на Галатасарај, кој со нож го прободел директно во срце.

- Оглас -

Најнови вести