Најверните навивачи на Порто направија прекрасна кореографија во чест на нивниот голман Икер Касилјас. При самиот почеток на дуелот против Авес во кој Порто во овие моменти води со 2-0, навивачите испратија порака до Касилјас.
Искусниот шпански чувар на мрежата пред неколку дена преживеа инфаркт на тренинг, по што кариерата му е под знак прашалник.
https://twitter.com/FCPorto/status/1124759941808521217