Касилјас имал инфаркт на тренинг на Порто!

Легендарниот шпански голман, Икер Касилјас, кој во моментов брани за Порто, преживеал срцев удар на тренинг, и веднаш бил пренесен во болница, и сега се наоѓа надвор од животна опасност.

Касилјас кој има 38 години, имал миокардов инфаркт, се пожалил на проблеми по завршување на тренингот. Иако животот не му е во опасност, тој веќе нема да брани до крајот на сезонава. Некогашниот капитен на Реал Мадрид и шпанската репрезентација од нејзините најславни денови, во Порто е од 2015 година.

- Оглас -

Најнови вести