Коринтијанс се радуваше на титулата во Бразил, финалето траеше 110 минути (Видео)

Екипата на Коринтијанс се израдува на рекордната 31-ва титула во првеството на Сао Пауло откако во драматичен меч на свој терен одигра 0:0 против Палмеирас. Домаќините на крајот се радуваа на трофејот благодарение на победата во првиот меч, кога на гости победија со 1:0.

Кога се работи за финални дуели во Бразил, едноставно не може да биде без драма, па така беше и сега. Во 73-тата минута беше досуден пенал за Палмеирас, но гостите промашија, односно домашниот голман го одбрани ударот на Рафаел Вејга.

Потоа Коринтијанс остана и со играч помалку по црвениот картон на Фелиос Торес. На крајот, судијата реши да има продолжение дури од 18 минути, но Палмеирас не успеа да постигне гол, па домашните навивачи и фудбалери се радуваа на титулата.

- Оглас -

Најнови вести