Корона-вирусот ја осакати Хрватска за дуелот против Шпанија

Хрватската фудбалска репрезентација вчера навечер потврди дека Иван Перишиќ е позитивен на ковид-19 и ќе го пропушти осминафиналниот натпревар против Шпанија.

Светскиот вицепрвак утре ќе ги одмери силите против Фурија во Копенхаген, меч во кој тимот на Здравко Далиќ ќе мора да игра без еден од своите најдобри играчи ако се знае дека Перишиќ досега на ЕП забележа два погодоци и асистенција.

Во меѓувреме крилото на Интер е сместено во самоизолација и ќе остане најмалку 10 дена, што значи дека Перишиќ нема да игра ниту во евентуалното четвртфинале доколку Хрватска обезбеди ја надигра Црвената фурија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести