Екипата на Ливерпул е на висински подготовки во Австрија, а на 11 дена пред Комјунити шилд мечот против Арсенал, англискиот првак се соочува со потенцијално голем проблем. Еден член на клубот е позитивен на коронавирус, па ако се утврди дека е фудбалер или некој што имал близок контакт со фудбалерите, цел тим ќе мора да оди во двонеделна изолација, што го доведува во прашање дуелот со Арсенал.
Австриските медиуми први објавија за позитивниот, а од клубот до моментов нема официјална информација. Црвените се во близина на Салцург, тренираат во мир и тишина, но денеска алармот е вклучен. Сепак, тимот тренираше нормално, па веројатно позитивниот не е фудбалер или член на стручниот штаб.