Корона-вирусот ги промени плановите за утрешниот меч Баерн Минхен – Шалке 04

Баерн Минхен и Шалке 04 утревечер ќе играат во првиот меч од новата сезона во германската Бундеслига. Дуелот се игра на „Алијанц арената“, а пред неколку дена во Германија беше донесена одлука на трибините да биде дозволено влез на ограничен број навивачи.

Мечот меѓу Баерн и Шалке требаше да го следат 7.500 навивачи, но сепак денеска е одлучено сепак да се игра пред празни трибини. Причина за оваа одлука е зголемениот број заразени со корона-вирусот во Минхен. Само во последните 24 часа во овој германски град се забележани 151 нов заразен жител од опасниот вирус. Затоа следуваше и експресна реакција од надлежните, „Алијанц арената“ да биде затоврена за гледачи.

 

- Оглас -

Најнови вести