Играчот за врска на Милан, Исмаел Бенансер е позитивен на Коронавирусот. Од таборот на Росонерите потврдија дека Бенансер нема да биде во комбинација за денешниот меч против Ница поради тоа што бил позитивен на последното тестирање.
Заразениот играч не бил во контакт со ниту еден соиграч точно една недела, односно од пријателскиот меч против Модена, па затоа ниту еден од останатите фудбалери нема да замине во самоизолација.
До почетокот на првенството во Серија А, Милан ќе одигра контролни дуели и против Валенсија, Реал Мадрид и Панатинаикос, па најверојатно Бенансер нема да биде во комбинација и за тие натпревари.

