17.8 C
Skopje
понеделник, 21 јули 2025

Коронавирусот може да биде причина поради која Кина нема да игра фудбал на ЛОИ во Токио

Азиската фудбалска конфедерација одлучи Кина да не биде домаќин на возвратниот меч против Јужна Кореја, во квалификациите за пласман на Летните олимписки игри во Токио кои ќе се играат летово. Според планот, Јужна Кореја и Кина ќе играат двомеч, а подобриот ќе се најде на завршницата наѓенскиот фудбалски турнир на ЛОИ.

Првично, Кина требаше да биде домаќин на реваншот и тоа во градот Вухан, кој веќе еден месец е епицентарот на епидемијата што настана со појавувањето на Коронавирусот. Затоа, наместо во Вухан, возвратниот меч кој треба да биде на 11 март, ќе се игра во Сиднеј, Австралија.

Азија ќе има три претставници на фудбалскиот турнир на ЛОИ 2020. Едното место е загарантирано за домаќинот Јапонија, второто е за подобриот од двомечот Кина – Јужна Кореја, додека за третото ќе се борат Австралија и Виетнам.

- Оглас -

Најнови вести