Легендарниот српски тренер Радомир Антиќ денеска почина во Мадрид на 71 година. Антиќ ќе биде запамтен како единствен што бил тренер на трите најголеми шпански клубови, Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид.
Иако постојат шпекулации, потврдено е дека Антиќ не починал од Коронавирусот.
„Не, Антиќ не умре од Коронавирусот. Веќе подолго време не се чувствуваше добро, но не знам од што точно беше болен“, велат од Атлетико Мадрид, клубот кој прв ја објави веста за смртта на српскиот тренер.
Како предводник на Јорганџиите, Антиќ се радуваше на титулите во првенството и Купот во 1996 година.