Умре Радомир Антиќ – единствениот кој бил тренер на Реал, Барселона и Атлетико Мадрид

Трагична вест пристигна од Шпанија. Умре Радомир Антиќ, најуспешниот српски тренер во поновата фудбалска историја. Антиќ беше единствениот тренер кој бил на клупата на Барселона, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид.

Тој беше и селектор на Србија, која ја предовдеше на Мундијалот во 2010 година.

Антиќ имаше 71 година, а фудбалот беше голем дел од неговиот живот. Започна во тимот на Слобода Ужице, а во 1968 година се пресели во Партизан. Играше и за Фенербахче, Сарагоса и Лутон, а во 1988 година ја започна и тренерската кариера.

Освен во Атлетико Мадрид, беше тренер и во Реал Мадрид, Барселона, Овиедо и Селта Виго.

- Оглас -

Најнови вести