Мајлс Бриџис, кошаркарот на Шарлот хорнетс, вчера беше приведен во полициска станица во Лос Анџелес по обвиненија за семејно насилство.
Вербалната расправија со жената блиска до Бриџис набрзо преминала во физички инцидент, по што била пренесена во болница. Кога полицијата стигнала на местото на инцидентот, кошаркарот не бил таму.
Според американските медиуми, Бриџис сам се пријавил во полициската станица по наводниот инцидент, па излегол од притвор по платената кауција од 130.000 долари. Голема е веројатноста за Бриџис да заврши пред суд и да чека казна, по која може да заврши зад решетки, зависно од тоа какви се повредите на жртвата.