Кошаркарската репрезентација на Македонија оствари убедлива победа (87-49) над Азербејџан во СРЦ „Кале“ на стартот од првата фаза од квалификациите за следниот Евробаскет. Избраниците на селекторот Марјан Илиевски доминираа од почеток до крајот на овој дуел.
Нашиот национален тим по првиот период имаше водство од 22-13, а на полувреме обезбеди предност од 40-21.

Македонија убедливо ги доби и третата и четвртата четвртина и на крајот стигна до огромни 38 поени разлика.
Андреј Јакимовски беше одличен во дресот на Македонија со 25 поени и 11 скока, а капитенот Војдан Стојановски имаше придонес од 16 поени и 11 скока.
Фото: КФСМ

