Кошаркарите на Партизан вечерашниот натпревар кој започнува во 20.30 часот против Реал Мадрид во рамките од плејофот во Евролигата ќе го играат во целосно црни дресови на кои наместо спонзор ќе пишува ОУ „Владислав Рибникар“, каде што вчера 13-годишен учесник уби девет лица, осум соученици, како и наставничката.
Со овој потег Црно-белите сакаат да им оддадат почит на настраданите во трагедијата која се случи во основно училиште во Белград.
Натпреварот ќе започне со минута молчење, а во „Штарк арената“ нема да биде пуштана музика, ниту ќе има програма за време на паузите.
Навивачката група Гробари одлучи во првото полувреме воопшто да не навива.
Партизан води со 2:1 во победи против Реал Мадрид и белградскиот тим со победа денеска ќе обезбеди место на фајнлфор-турнирот кој ќе се игра во Каунас.