Во големото финале, на 34.издание на завршниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“, кошаркарките на Баскет кам беа подобри од големиот ривал, Крива Паланка. Она што го изградија во првиот дел од финалето, го одбранија во вториот во која противникот дојде на -6, но не и нешто повеќе од тоа.
Куп-титулата, четвртта во последните шест сезони, им припаѓа на кошаркарките на Баскет кам!
Во првиот период од финалето, доминација на кошаркарките на Баскет кам. Очигледно беше дека далеку помотивирано влегоа во натпреварот кој носи трофеј, оној во Купот на Македонија.
Особено добро одиграа девојките од Македонска Каменица во фазата на одбрана. Му дозволија на големиот ривал во првите десет минути да постигне само седум поени. На другата страна, „трилингот“ Кметовска-Димова-Поп Димитровска испорача 17.поени, за двоцифрена предност (17:7).
На почетокот на втората четвртина, водството на Баскет кам, по тројките на Поп-Димитровска, и Димова, беше уште повисоко, (23:9).
Одлично функционираше нападот на Баскет кам во втората четвртина. Скоро без грешка играше Димова, која погоди скоро се што шутна кон противничкиот кош.
Видливо на резултатот, на средина од овој дел од финалето, Баскет Кам водеше со (34:18), а скоро половина од тие реализации беа дело на Димова, даде 16.поени (4/4 во обидите за три поени).
Две минути потоа, условно кажано „гостинскиот“ тим, поведе и со највисоките, (38:20).
До крајот на првото полувреме, кошаркарките на Крива Паланка со пет поени по ред, „спуштија“ на (25:40), а десет поени имаше Ниехуес.
Полувремето беше затворено со слични (42:27), во корист на екипата на Баскет кам.
И по задолжителните 15.минути предвидени за одмор, ништо ново на теренот во салата „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица.
Баскет кам продолжи во исто темпо, и одлична реализација во нападот која ги донесе во плус од 21.поен (52:31), по 24.минути игра во финалето. Дел од мечот во која во екипата која имаше убедливо водство, Кметовска дојде од бројка од 16.поени (и девет скока), а Поп-Димитровска имаше 11.
Но до крајот на овој период Крив Паланка уште еднаш испрати порака дека крајот е далеку.
По тир одиграни периоди, предноста на Баскет кам беше доста пониска (56:45).
А на почетокот и едноцифрена, откако по тројката на Робинсон, Крива Паланка се доближи на минус од осум поени (48:56).
„Реагираше“ Кметовска, со своја мини-серија на поентирање, а Максимовска ја врати двоцифрената разлика (62:50).
Но Грин со нова тројка, во 35.минута, го сведе водството на противникот на само шест поени (59:65), кој во меѓувреме остана без помошта од Кметовска, која ја заработи петттата лична грешка.
Во многу битен момент, капитенот Поп-Димитровска погоди за три, донесе плус 8 за Баскет кам (72:64), на 2:11 минути до крајот. Резултатот долго време беше на „сила“,двет екипи не реализираа по неколку напаади. што одешше во прилог на екипата која го има водството.
И која на крајот го одбрани истото, и стигна до победничкиот пехар во Купот на Македонија.
Кметовска реализираше 24.поени, имаше и девет скока. Димова и Поп-Димитровска додадоа по 16, а Адамовска уште 12.
Во екипата на Крива Паланка, Робинсон постигна 30.поени, Ниехуес имаше 15, а Грин уште 11.


