Кошаркарски Луис Суарес: Го гризна противникот, а потоа се случи хаос (Видео)

Фенербахче го победи Анадолу Ефес и тоа на гостински терен со 83:78 во меч од второто коло на кошаркарската Евролига. Гостите водеа речиси во текот на целиот меч и на крајот стигнаа до втората победа во елитното натпреварување.

Турското дерби го одбележа и еден инцидент. Во една акција, Тарик Биберовиќ беше во продор, успеа да погоди, а тој заедно со Елајџа Брајант се најдоа на подот. Иако не делуваше дека може да има немил момент, ненадејно Брајант нервозно реагираше и го гризна противникот за раката.

Тогаш се случи хаос, но за среќа брзо реагираа судиите и останатите кошаркари.

Судиите без размислување ги исклучија двајцата кошаркари, Брајант со гризењето само потсети на фудбалерот Луис Суарес кој пред неколку години го гризна Џорџо Кјелини.

- Оглас -

Најнови вести