Кошаркарскиот куп ќе биде одложен?

Кошаркарскиот клуб Гостивар бара одложување на завршницата од Купот на Македонија која треба да се одржи од петок до недела во Гевгелија. Во сообраќајната несреќа која се случи вчера има и загинат член на Гостивар, станува збор за 25-годишниот Јовица Трпевски.

„Поради трагичната несреќа која го погоди нашиот град, кошаркарскиот клуб Гостивар најдлабоко жали за огромниот број сограѓани кои ги изгубија своите животи и соочувствуваме со нивните семејства, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Ја информираме јавноста и МКФ дека КК Гостивар не е во состојба да учествува на престојниот Куп на Македонија и бараме безусловно негово одлагање. Во трагичниот настан животот го загуби и нашиот играч Јовица Трпевски. Ги одложуваме и сите натпревари од Втората и од младинските лиги закажани за викендов“, стои во соопштението на Гостивар.

Денеска од МКФ ќе се консултираат со Владата, по што ќе се донесе одлука. И утре е Ден на жалост, па треба да се одлучи дали да се одложи Купот, што би направило проблем во календарот на МКФ, или сепак да се игра со тоа што средбите би почнувале со минута молк и не би се пуштала музика на разгласот за време на паузите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести