28.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

Кошарката дава шарм на Квотите на денот (Фото)

Квотите на денот кои за денеска ги предлага Sport Life прават вкупна квота од 45.71 и четири се фудбалски, а една средба е кошаркарска и тоа од Евролигата.

Првиот предлог е од дуелот од португалскиот шампионат меѓу Портимоненсе и Порто и има квота од 2.10. Оваа квота се добива ако се одигра Порто да победи , а на мечот да бидат постигнати меѓу три и шест гола.

И на вториот предлог се очекува победа на гостинот, а мечот е од холандската Ере дивизија. Лидерот на табелата ПСВ Ајндховен му гостува на Го Ахед Иглс е се освен победа на фаворитот ќе претставува големо изненадување. Поради тоа Sport Life би предлага да одлична игра која носи квота 2.15 и која се добива ако се одигра ПСВ да победи и притоа да бидат постигнати барем два гола во второто полувреме.

Кошаркарскиот меч е дуелот од Евролигата меѓу Армани Милано и Партизан и ја има најголета квота која изнесува 2.25. Партизан кој се бори за местата кои водат во плејофот, мора да запише победа, а предлогот на Sport Life е да не чекате до крајот на мечот туку да одиграте дека Црно-белите ќе имаат водство на полувреме.

Новото коло во Серија А ќе го отвори актуелниот шампион Наполи и тоа поради неговиот дуел со Барселона во реванш осминафиналниот дуел во ЛШ. Со цел да има некој ден повеќе за подготовка, Наполи вечерва ќе игра против Торино и е голем фаворит за победа. Тука Sport Life во предлага да одиграте дека Наполи ќе постигне меѓу два и четири гола на мечот, а квотата за оваа игра изнесува 2.25.

Последниот предлог е од дуелот во Ла Лига меѓу Барселона и Мајорка и ја има најмалата квота која изнесува 2.00 со супер интересен предлог. Оваа квота се добива ако се одигра Барселона да победи, а притоа биде постигнат барем еден гол во првото полувреме.

- Оглас -

Најнови вести