Кошмарот за Месут Озил продолжува и во редовите на Фенербахче. Германската ѕвезда и во седмиот настап за турскиот гигант не успеа да запише ниту гол, ниту асистенција, а воедно се избламира со големо промашување со кое можеше да му донесе израмнување на својот тим.
Иако голманот на Анталијаспор беше далеку од својата позиција, Озил имаше доволно време да се намести да шутне, меѓутоа го промаши целиот гол. Но, тоа не беше единствен проблем за Озил. Ексиграчот на Арсенал и Реал Мадрид се здоби со повреда по еден час игра, па теренот мораше да го напушти на носилка, додека Фенербахче во меѓувреме освои само бод при конечни 1-1 против Анталијаспор.
https://twitter.com/Fener_Goal/status/1367516496876998659