Германскиот интернационалец кој настапува за Борусија Дортмунд, Карим Адејеми, изразил желба да го напушти клубот, објави „Билд“. Одлуката на 23-годишниот напаѓач е од лична природа, велат информациите.
Сопругата на Адејеми, раперката Лоредана Зефи, инсистира да живее во голем европски град, а не во Дортмунд. Поради оваа причина, напаѓачот го смени агентот и го ангажира познатиот Португалец Жорж Мендеш, кој му бара нов клуб.
Договорот на Адејеми со Борусија истекува во летото 2027 година. Неговата одлука да не го обнови договорот го става клубот во ситуација каде што ќе мора да го продадат во јануари или следното лето.
Оваа сезона Адејеми има 21 настап и шест гола за „жолто-црните“.
Инаку сопругата Лоредана е родена во Швајцарија, а нејзините родители се од Косово. Таа беше во брак со косовскиот музичар Мозик, со кого има едно дете, додека со Адејеми од лани е во брак.

