Косоварот Рашица го шокираше Баерн, но шампионот потоа покажа сила (Видео)

Милот Рашица постигна прекрасен гол за Вердер на гостувањето кај Баерн Минхен, но германскиот првак до полувремето успеа да израмни. Рашица прифати една топка на својата половина, но направи одлична соло акција и од околу 20 метри биеше прецизно за водство на Вердер.

https://youtu.be/5W__NUfUXyQ

До крајот на првото полувреме Баерн успеа да даде два гола. Најрво Кутињо во 45 минута израмни на 1:1, а потоа во четвртата минута од судиското надополнување погофи и Роберт Левандовски за предност од 2:1 на шампионот.

- Оглас -

Најнови вести